|
FRAGMAT MAK е мешовита словенечко-македонска компанија која се занимава со производство на стиропор и негова префабрикација во производи за употреба во градежништво и широка потрошувачка, производство на лимени сендвич панели и изградба на градежни објекти по систем инжинеринг. Деловната стратегија на компанијата FRAGMAT MAK е базирана на пратење на светските стандарди кога станува збор за експандираниот полистирен. Во процесот на производството се користи исклучиво влезна суровина од произведувачи кои имаат сертификат ISO 9001 или ISO 9002, што гарантира квалитет на готовите производи. |
FRAGMAT MAK


